Ахмети од Слупчане: Споменикот нѐ обединува

од Nikola Popovski

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во село Слупчане ја откри 20-метарската спомен-кула во чест на на борците на ОНА. Тој во својот говор истакнал дека „оваа земја не може да има историја без ОНА“.

-Не може да има иднина без најголемото достигнување Охридскиот договор. Без Охридскиот и Преспанскиот договор ќе бевме поинакви и во незавидни позиции. Луѓето да не се делат бидејќи ние сме на наша земја. Ја градиме и живееме нашата историја, инвестираме во оваа земја да биде дел од ЕУ, да биде во траен мир со сите наши соседи. Вложуваме во решавање на спорот со нашиот бугарски сосед, што се надевам не е далеку, порачал Ахмети пред присутните граѓани.

Тој додал дека „споменикот во Слупчане не нѐ дели, туку нѐ обединува“.

ДУИ денеска организираше свеченост за отворањето. Според информациите, споменикот чини 200.000 евра, платен со пари на општината и е висок 20 метри.

ДУИ инаку го слави 2 мај како ден на бранителите.

Слични содржини