AIPCE Стокхолм : Срамно е што во земјите од таканаречениот Западен Балкан не постои слобода на медиумите!

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Нешто за што е срамно да се зборува денес во реонот на земјите-членки на ОБСЕ се заканите кон медиумите, како  во традиционалните, онлајн, така и во реалноста.Продолжува пропагандата од Милошевички тип на Балканот.„Медиумите се алатка на политичарите за манипулација во општеството, истакна Дуња Мијатовиќ, претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, на годишната конференција на Алијансата на независни совети за етика во медиумите (AIPCE), во Стокхолм,

dunjaТаа на отворената дебата  нагласи: „Нешто за што е срамно да се зборува денес во реонот на земјите-членки на ОБСЕ се заканите кон медиумите, како онлајн, така и во реалноста. Всушност, безбедноста и заштитата на новинарите се  со огромни проблеми. Во исто време, срамно е што во земјите од таканаречениот Западен Балкан не постои слобода на медиумите. Не постои или, пак, сосема е мало придвижувањето кон промена на состојбите. Тажно е во поглед на говорот на омраза што продолжува пропагандата на овие простори од Милошевичи карактер, посочи  Мијатовиќ. 14608088_10154526814719804_1862586329_n

„Медиумите се алатка на политичарите за манипулација во општеството. Војната во поранешна Југославија почна токму со манипулација преку медиумите, односно со инјектирањето омраза и поделба меѓу луѓето. Факт е дека и во денешно време постои опасен говор во медиумите, а не само говор на омраза. Мора да се преземат мерки за тоа да се спречи. Но, да имаме предвид дека и преголемата регулација на Интернет просторот е, исто така, голема опасност“. Мора да се најде мерката  Турција исто така  претставува огромен проблем, а се’ што се случува таму не  се добива доволно внимание од ЕУ и САД. Над 100 новинари во Турција се во затвор. Ситуацијата во Азербејџан е слична“, вели Мијатовиќ.

14608095_10154526831764804_1229376308_n

Токму на оваа тема , во име на 100 годишнината на Шведскиот институт за саморегулација, и годишната конференција на Алијсансата за независни совети за етика во Европа, за Турција се осврна претсавникот  Мурат Онук. Во мојата земја , вели тој ,  судиите честопати забрануваат критичко известување за одредени настани….новинарите кои известуваат против власта се подложни на различни видови напади, особено во Твитер заедницата. . Над 100 новинари се во притвор, 2500 новинари ги изгубија своите работни места во последните два месеци. По обидот за воен удар во јули годинава, затворени се 6 телевизиски станици, 45 весници, 15 издавачки куќи и 23 медиумски организации“, истакна Murat Onuk od Советот за етика во Турција.

sth-semm

„Австралискиот Совет за етика добива 500 жалби годишно, а бројот на граѓаните кои поднесуваат жалби се’ повеќе се зголемува, особено благодарение на користењето на социјалните мрежи, каде што се’ повеќе се зборува за непрофесионалното известување на медиумите. Минатата година, најголем дел од жалбите се однесуваа на третирањето на Исламот во медиумите, што годинава веќе не е случај.

Понатаму, повеќето од жалбите се однесуваат на нарушување на приватноста, особено на децата, како и за начинот на известување за мигрантите и бегалците, но и за ЛГБТ заедницата. Жалбите до медиумите се поврзани и со домашното/семејното насилство, а има случаи и на стигматизирање на жртвите во начинот на известување. Во денешно време се соочуваме и со проблемот што медиумите понекогаш не известуваат за важни теми од јавен интерес“, рече David Weisbrot, претседавач на Австралискиот совет за етика.

14572887_1077916258995003_4202763633973519657_n

Другата спротивност е за тие кои ја слават 100 годишната практика со саморегулацијаата:

„Речиси сите медиуми се членки на Советот за етика во Норвешка, а системот на етика во медиумите функционира беспрекорно. Речиси и не постои случај на необјавување на одлука на Советот за етика. Една од нашите последни иницијативи, која беше широко прифатена од медиумската заедница, новинарите и граѓаните е 24-часовната дискусија на различни теми поврзани со етиката во професијата, инволвирајќи повеќе експерти, професори, студенти и граѓани, која се одвиваше во релаксиран амбиент, во кафуле во градот. Започнавме во 08:00 наутро, а завршивме следниот ден во 08:00. Оттука, можете да процените каква е заинтересираноста да се зборува за одговорноста на медиумите во денешно време“, рече Kjesti Loken Stavrum од Норвешкиот совет за етика.14620138_10154526824014804_1332773028_n-1

Недостиг на транспарентност околу сопственоста на медиумите во Унгарија и се’ поголем број непознати сопственици. Во голем број случаи, можеме да претпоставиме кој стои зад медиумот според агендата на известување… Владата е најголемиот огласувач во медиумите, а после неа компаниите. Можеби имаме слобода на медиумите, но важно е колку ефективно се применува. Судејќи според падот на довербата во медиумите, тоа се прави несоодветно“, истакна претставникот на Советот за етика во Унгарија, Balazs Weyer, на годишната конференција на Алијансата за независни совети за етика во медиумите во Стокхолм.