Airbnb трајно ги забрани забавите

од Stefanija Kuzmanovska
282 прегледи

Airbnb трајно ја забрани забавата во сместувањето што го изнајмува на својата платформа, откако привремената мерка воведена за време на пандемијата се покажа популарна меѓу домаќините, јавува Би-Би-Си.

Компанијата вели дека правилото станало „многу повеќе од мерка за јавно здравје“ откако беше воведено во август 2020 година.

„Тоа еволуираше во основна политика на заедницата насочена кон поддршка на домаќините и нивните соседи“, велат од компанијата со седиште во Сан Франциско.

Бројот на поплаки значително се намали од воведувањето на мерката, се вели во соопштението на Airbnb.

Исклучоци од забраната во иднина би можеле да бидат дадени на „специјализирани и традиционални угостителски објекти“, се додава.

Компанијата започна да ги ограничува бучните настани во 2019 година и ги забрани за време на пандемија поради јавното здравје.

Минатата година повеќе од 6.600 гости беа суспендирани поради кршење на правилата.

Слични содржини