Акциска контрола во угостителски објекти, приведено лице барано со потерници

од Stefanija Kuzmanovska

Во текот на изминатата вечер (25/26.02.2023) во периодот од 23.00 до 04.00 часот полициски службеници од СВР Скопје заедно со Управата за јавни приходи, Трудовата инспекција и Државниот пазарен инспекторат, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територијата на СВР Скопје.

При контролата приведен е Д.К. кој се барал по три потерници.

Затекнати се пет малолетни лица, а во еден од објектите бил пронајден кокаин.

Констатирано е кривично дело по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица, како и присуство на малолетници во угостителски објекти по 00.00 часот. Констатирани се и прекршоци во однос на неиздавање на фискални сметки и прекршување на законот за пушење, соопшти МВР.

Слични содржини