Акциска контрола во угостителски објекти, едно лице приведено

од Radmila Tasevska

Во текот на изминатата вечер во периодот од 0:00 до 4:00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, ноќни клубови и дискотеки на територијата на цела држава.

При контролата, како што информира МВР, приведен е Ш.И.(27), бидејќи при преглед кај него бил пронајден кокаин.

Слични содржини