Сузи Барел е австралиски нутриционист и основач на Shape Me објаснува дека начинот на исхрана значајно влијае на процесот на стареење. hitportal-przena-hrana

„Општо правило е дека храната со висок гликемиски индекс го забавува метаболизмот и ги зголемува воспалителните процеси во телото. Овој тип на храна исто така ги задржува течностите во телото и го зголемува крвниот притисок“ – објаснува Барел.

Ова се три групи на храни кои го забрзуваат процесот на стареење:

1. Супи од кесичка

Преполовеното време за подготовка на овие супи значи и преполовување на нутритивните вредности и количината на витамини и минерали кои му се потребни на организмот.

Во себе содржи меѓу 800 и 1000 милиграми натриум, што е повеќе од потребните количини за дневно консумирање и предизвикува дуење на стомакот и задржување на течностите во организмот.

Други состојки кои имаат исто така високи количини на натриум се: маринадите, плескавиците со соја, замрзнатиот зеленчук и пилешките гради.


2. Тетрапак сокови

Можеби на прв поглед ви се чини дека една чаша сок нема да му направи голема штета на вашиот организам, но таа чаша содржи повеќе шеќер одошто мислите.

Овошните сокови ја уништуваат забната глеѓ затоа што содржат повеќе од 6 лажички шеќер во само една чаша сок.

Покрај тоа што ги оштетува вашите заби тој влијае и на покачувањето на нивото на инсулин во крвта и дебелеењето.

3. Пржена храна

Не е ништо ново, ниту помалку познато дека овој тип на храна содржи голема количина на калории и предизвикува дебелеење.

Овој тип на храна е преполн со соли и транс масти кои ги оштетуваат клетките на организмот.

Покрај тоа што постои храна која пожелно е да ја избегнувате ако сакате да го намалите процесот на стареење, постојат и состојки кои ќе ви помогнат да го сопрете часовникот и ќе направат подолг период од животот да изгледате помлади.  Ова се најважните состојки кои ќе ви го овозможат овој ефект:

copasvinos

1. Овошје и зеленчук: Преполни се со антиоксиданси со кои се ослободувате од слободните радикали и штетните материи кои се насобираат во телото.

2. Црвено вино: Во него се наоѓа посебен антиоксиданс кој ги намалува шансите од добивање на рак.

3. Интегрални житарици: Интегралната храна е богата со влакна кои ја одржуваат цревната микрофлора и спречуваат наталожување на непотребните материи во цревата.

4. Масна риба: Лососот и туната се богати со омега-3 масни киселини кои го штитат вашето срце и ги намалуваат шансите за појава на Алцхајмерова болест.

5. Млеко: Ги штити коските и спречува појава на остеопороза.

6. Ореви: Ги намалуваат високите нивоа на холестерол во крвта и го намалуваат крвниот притисок.

Слични содржини