Нуркачот Рич Хорнер се снимаше себеси како едвај се пробива во водата од слоеви кеси и пластичен отпад. Дури понекоја риба ќе се најдеше во близина. Снимката настана на едно од омилените места на нуркачите Манта Поинт 20 километри од Бали.

Инаку, застрашувачката снимка е објавена на BBC во кој се прикажува количината пластика, дури 161 грам, која е пронајдена во стомакот на албатрос. Неодамнешните истражувања покажаа дека 96 отсто од морските риби и албатроси имаат парче пластика во организмот.