Ако се држиме до преговарачката рамка, нема потреба да се размислува за дополнителни барања од Бугарија – порача премиерот

од Nikola Popovski

Комуницираме многу често меѓу себе со министрите Османи и Маричиќ. Последната изјава на шефот на дипломатијата не се разликува многу од неговите настапи. Бугарија имаше голем број барања во изминатиот период, рече премиерот Димитар Ковачевски во однос на неодамнешниот став на Османи дека очекува нови бугарски барања и после гласањето на уставните измени.

Според претседателот на Владата, земјава е непходно да ги заврши своите обврски, а ЕУ ги исполнува своите обврски.

-Ако се држиме до преговарачката рамка, нема потреба да се размислува за дополнителни барања од било кого бидејќи се што е побарано е наведено во неа. Ако ги погледнете ставовите на опозицијата, а можеби не ви ги покажеле што ги лиферуваат по странски амбасади, тие сакале нешто да додоговараат. Кога ќе влезат во додоговарање, ќе видите какви барања можат да добијат од повеќе страни. Ние имаме јасно утврдена преговарачка рамка од сите на ЕУ, кажа премиерот.

Слични содржини