Ако сте уморни после тренингот, проблемот не е само во мускулите

од Stefanija Kuzmanovska

Ако тренирате редовно, сигурно сте почувствувале неверојатен замор на крајот од тренингот. Можеби мислите дека ве заморило испумпувањето на вашите мускули, но улогата на централниот нервен систем (ЦНС) не може да се игнорира, пишува Men’s Health.

Имено, додека тренирате, метаболичкиот отпад се акумулира во мускулите. Ова се должи на производството на енергија и тоа е она што предизвикува чувство на пецкање во мускулите. На крајот ова предизвикува периферен замор, а мускулите почнуваат да испраќаат предупредувања до ‘рбетот и мозокот, кои го забавуваат активирањето на мускулите за да не си наштетат себеси.

Овој процес е познат и како „замор на ЦНС“ и може да биде предизвикан од сите видови на вежби, но најчесто тоа е долг и интензивен кардио тренинг.

Експертите велат дека заморот на ЦНС се таложи за време на тренингот па сте најсилни и имате најсилен стимул за раст на мускулите за време на првите неколку вежби.

Затоа добрите тренери им даваат на своите клиенти сложени вежби како кревање тегови, чучњеви и склекови на самиот почеток, а изолациони движења на крајот.

Слични содржини