Почетна / Магазин / Интима / Ако вашата врска е ваква, заедно ќе остарете

Ако вашата врска е ваква, заедно ќе остарете

Двојките кои пред сè се пријатели, кои се длабоко поврзани еден со друг, се многу среќни. Кога ќе се вљубиме, среќни сме и сакаме таа врска да трае засекогаш. Сепак, доколку сте на почеток од врската и се прашувате како да го совладате тој пат до стабилна врска, ви ја откриваме тајната на среќните двојки.

Не станува збор за тоа колку често разговарате, најважна е добра и стабилна основа. Таквите врски траат, цврсти се и ги исполнуваат луѓето. Коа врската е изградена првенствено на сексуална привлечност или идеја дека некој е „добра прилика“, тогаш нема многу простор за прилагодување штом нештата тргнат малку надолу.
Но кога двајца се во врска и можат да ги “менуваат улогите“, да бидат пријатели и партнери или сопружници, тогаш тоа е едно подлабоко ниво на интимност, блискост и доверба, кои на таквите двојки им овозможува да опстанат заедно и да бидат среќни, без разлика на евентуалните промени во животните околности.
Ова секако не мора да значи дека пртнерот мора да ви е најдобар пријател, но важно е да ви е пријател меѓу другото.
Сите ние одржуваме различни пријателства кои ги задоволуваат нашите потреби на одредени полиња но многу е важно, пресудно за среќна врска, партнерот да биде во тој најтесен круг на најблиски, најдраги и најверни пријатели кои ги имаме.

loading...