Актерката потврди дека е во врска со кандидатот за претседател на САД

од desk2

Американксата актерка Розарио Досон (39) ги потврди гласините дека е во врска со американскиот демократски сенатор и претседателски кандидат Кори Букер, опишувајќи го како „прекрасно суштество“ на кое му се восхитува.

Сенаторот Букер претходно откри дека е во врска со некоја посебна.

Досон вели: „Засега е преубаво. Тој е прекрасно човечко суштество. Убаво е да се поминува времето заедно…а двајцата сме многу зафатени со работа. Прекрасно е да се има некој кој го почитувате, кого го сакате и на кого му се восхитувате, со човек кој е многу мил и внимателен“.

Досон е американска актерка од порториканско потекло и афро-кубанско, исто така. Соосновач е на хиспанофонската организација „Вото Латино“.

Вниманието го привлече со настап во контроверзниот филм „Kids”, по што следуваа низа забележителни улоги. Хитвои се „Men in Black II” и “Rent”.

Њујорк пост пишуваше дека во врска со сенаторот се од декември 2018 одина.

Американскиот демократски сенатор од Њу Џерси КОри укре (49) на почетокот од февруари најави дека ќе биде еден од кандидатите за претседателската трка во 2020 година.

Букер порасна во Њу Џерси, заврши на Стенфорд и Јејл, а бил и добитник на стипендијата Родс.

Во 206 година стана градоначалник на Њуарк, најголемиот град во Њу Џерси, , а пред седум години стана и сенатор.

Слични содржини