Актерката се омажи за пејачот па призна: Го мразев неговиот бенд

Британската актерка Софи Пурнер се прослави со улогата во најпопуларната ТВ серија на сите времиња, Игра на тронови, а минатата година се омажи за познатиот поп пејач Џо Џонас, со кого очекува бебе.

Сепак, кај Софи немало секогаш симпатии за еден од браќата Џонас. Напротив, Турнер во интервјуто за магазинот Еlle признала дека денешниот сопруг ѝ одел на нерви.

– Моите пријатели и јас не бевме фанови на браќата Џонас. Постоеше еден бенд во Британија по име Busted, имаа еден хит „Year 3000“, беа совршени, ги обожувавме. Тогаш, браќата Џонас направија преработка на таа песна и се прославија, а Busted се распадна. Ние сметавме дека браќата се виновни за тоа и ги мразевме – раскажала Софи.

Неколку години подоцна со еден од браќата завршила на состанок, а Џо, како што тврди, брзо ја импресионирал. Очекувала дека ќе се појави со големо обезбедување и дека ќе биде вообразен. Но, Џо бил сосем нормален и набргу станале нераздвојни.

Слични содржини