Алегри: Дибала во Атлетико? Се надевам дека Симеоне ќе го покани само на ручек

од Vladimir Zorba

Тренерот на италијанскиот шампион Јувентус, Макс Алегри ги прифати со насмевка шпекулациите дека Атлетико Мадрид има намера да го привлече бисерот на „Старата Дама“ – Паоло Дибала.

Во Шпанија соопштија дека „јорганџиите“ го сакаат аргентинскиот техничар за заменик на Антоан Гризман, за кого се претпоставува дека ќе премине во Барселона.

„Дибала во Атлетико? Се надевам дека Диего Симеоне ќе му предложи само ручек. Паоло треба да остане мотивиран до крајот на сезоната. Сметам дека ќе биде една од ѕвездите на Светското првенство во Русија“, изјави Алегри.

„Реал Мадрид? Имаме два натпревари против најдобриот тим во светот, заедно со Барселона. Треба да сме амбициозни да ги победиме и да се однесуваме со почит. Целта ни е Лигата на Шампионите, но најважниот натпревар е утре против Милан“, рече Алегри за првиот судир од 1/4-финалето на турнирот на богатите со „белите“ во вторник.

За шпекулациите кои го праќаат во ПСЖ, Алегри беше категоричен: „Многу пати сум рекол дека сум среќен тука, имам договор до 2020 година и сакам да останам“.

Слични содржини