Алек Болдвин официјално обвинет за убиство, му се заканува затвор од 5 години

од Nikola Popovski

Актерот Алек Болдвин денеска официјално беше обвинет за убиство на фотографката Халина Хачинс на снимањето на филмот „Rust“ во октомври 2021 година.

Болдвин е обвинет за убиство од небрежност, како што беше најавено на почетокот на месецов, пишува „Дејли мејл“, а обвинението го поднеле обвинителите во Ново Мексико, каде што се случило убиството.

Актерот е решен да се бори против обвинението и повеќе пати нагласи дека „никогаш не го повлекол чкрапалото“ и дека тоа било несреќен случај.

Според наводите на споменатиот медиум, доколку биде осуден, актерот би можел да добие казна затвор до пет години.

До трагедија дојде при пробната сцена од филмот кога актерот пукал од пиштол за кој се верувало дека е реквизит, а во него нема вистински куршуми. Меѓутоа, се испоставило дека станува збор за вистински пиштол, а куршумот ја погодил и ја усмртил Хачинс.

Слични содржини