Алиша Кис повторно водител на Греми наградите

од Elena Daskalova

Номинациите за Греми наградите ќе бидат објавени подоцна во ноември. На големата церемонија во улогата на водител повторно ќе се појави пејачката Алиша Кис.

Таа на оваа позиција првпат се појави за Греми 2019, а публиката не остана рамнодушна на начинот на кој ја водеше церемонијата. Греми 2020 ќе се одржат на 26 јануари, во Стејплс центарот во Лос Анџелес.

Номинациите ќе бидат објавени на 20 ноември. Самата Алиша мислела дека нема пак да ја води церемонијата, но се укажала можност и таа со задоволство прифатила.

Самата таа е неколкукратна добитничка на Греми награда во повеќе категории, вклучувајќи ги и најдобар нов музичар во 2002, потоа четири статуетки за женски Р’н’Б вокал, а посленото го има освоено во 2014 година за најдобар Р’н’Б албум „Girl on Fire“.

Слични содржини