Алисон: На Рома и треба Наинголан

од Vladimir Zorba

Голманот на Рома, Алисон, рече дека Рома не треба да го продава Ража Наинголан ако сака да го подигне нивото на неговата претходна сезона. Белгиецот е пред трансфер во Интер, но посакуваниот од Реал Мадрид, Ливерпул и ПСЖ голман не мисли дека договорот ќе биде од корист на „волците“.

„Ние направивме супер сезона и никој не го очекуваше тоа. Забележавме одлични резултати, бевме сензационални во Европа. Можеби најтешко е да се прифати поразот од Ливерпул од 2:5 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Но, го победивме Челзи, Атлетико Мадрид и Барселона, и малку ни фалеше да г направиме истото со Ливерпул. Значи, нашите глави се кренати високи и сакаме да продолжиме на ист начин“, вели голманот.

„Наинголан е многу добар играч. Ако сакаме да ја подигнеме границата, ќе биде многу важно да имаме играчи како него во тимот. Многу се зборува за мојата иднина. Ги разбирам прашањата на навивачите, но сега се концентрирам целосно околу Светското првенство. Јас ќе одлучам по крајот на Мундијалот“, додаде Бразилецот.

Слични содржини