Алисон: Сити е еден од најголемите клубови во светот и веројатно го игра најдобриот фудбал

од Vladimir Zorba

Ливерпул ќе се бори за секоја педа од теренот во полуфиналниот меч од ФА Купот против Манчестер Сити, гарантира голманот на „црвените“ Алисон Бекер. Двата тима ќе се сретнат денеска од 16:30 часот на „Вембли“, а победникот ќе игра за трофејот против Кристал Палас или Челси.

Алисон последното финале на Ливерпул го следеше од клупата, бидејќи на турнирот во Лига купот, стартер од почеток до крај беше Келер.

„Еднаш бевме тука и игравме во финалето на Вембли, набојот за ваквите натпревари ни е добро познат. Тоа се чувствува. И јас играв со мојата репрезентација на овој стадион, но само на пријателски натпревари. Разговарав со другите момци по ова прашање и знам дека сега ќе биде поинаку“, изјави Алисон, цитиран од клупската веб-страница.

„Финале или полуфинале на „Вембли“ е големо достигнување за секој фудбалер и нешто што секогаш ќе го паметите. Сепак, не се задоволуваме само со тоа и го сакаме трофејот. Ќе се бориме за него до крај. Ако сме тука, тогаш сме се претставиле добро и сме меѓу најдобрите“, посочи Бразилецот и додаде:

„Манчестер Сити е еден од најголемите клубови во светот и веројатно го игра најдобриот фудбал. Сепак, предизвикот не е голем само за нас, туку и за нив. И нашата ситуација е добра, бидејќи постигнуваме резултати и се уште сме во битка за титулата. Задоволен сум од развојот на сезоната досега.

Слични содржини