„Амазон“ купува „мртви“ трговски центри – во што ќе ги претвори?

од Stefanija Kuzmanovska

Амазон, кој и самиот влијаеше на „колапсот“ на трговските центри во САД, сега направи „целосен круг“ со купување трговски центри и нивно претворање во дистрибутивни центри за растечката империја за е-трговија.

Имено, „Ен-Би-Си“ објави дека „Амазон“ започнал серија на набавки на трговски центар во последните неколку месеци. Минатиот месец малопродажниот гигант со седиште во Сиетл доби одобрение да го претвори трговскиот центар во Батон Руж, Луизијана, во дистрибутивен центар од 3,4 милиони квадратни метри. Истиот месец, „Амазон“ доби слично одобрување да го претвори трговскиот центар во Ноксвил (Тенеси) во дистрибутивен центар, со површина од 220.000 квадратни метри.

Овие деловни договори следеа по одлуката на локалниот комитет за планирање во Ворчестер, Масачусетс, да му се дозволи на „Амазон“ да го претвори трговскиот центар Гриендејл во центар за дистрибуција од 121.000 квадратни метри.

Анализата на „Coresight Research“ покажа дека помеѓу 2016 и 2019 година, „Амазон“ претворил околу 25 трговски центри во дистрибутивни објекти. Тоа темпо треба да се забрза среде новонастанатата ситуација во малопродажното опкружување, кое не само што се соочи со постојан раст на купувањето преку Интернет, туку беше речиси десеткувано од пандемијата Ковид-19. Ова ги стави сопствениците на трговски центри во позиција да бараат начини за заработка на средства што опаѓаат со застрашувачка стапка.

„Волстрит журнал“ минатото лето објави дека „Simon Property Group“, најголемиот сопственик на трговски центри во земјата, е во преговори со „Амазон“ за да ги претвори нивните стоковни продавници во дистрибутивни центри на „Амазон“. Тие разговори, наводно, биле насочени кон претворање на продавници, кои претходно или моментално се окупирани од J.C. Penney и Sears Holdings, откако обата бренда поднесоа барање за заштита од банкрот и најавија планови за затворање на десетици продавници низ државата.

Слични содржини