Амбасадата на САД до Владата на Црна Гора: Осудете ја Сребреница како геноцид

од Nikola Popovski

Американската амбасада во Црна Гора вчера објави дека е загрижена за коментарите во јавноста, кои, како што процени, фрлија сомнеж на она што се случи во Сребреница во 1995 година. Амбасадата ја повикува Владата на Црна Гора да го осуди она што се случи во Сребреница и да го нарече геноцид,

„Бараме јасност и се надеваме дека Владата на Црна Гора недвосмислено ќе го осуди масакрот и ќе го нарече како што беше – геноцид“, објавила амбасадата на Твитер.

Црногорскиот министер за правда, човекови и малцински права Владимир Лепосавиќ во петокот рече дека е подготвен да признае дека злосторството извршено во Сребреница е геноцид кога тоа и недвосмислено ќе се утврди, со оглед на тоа што Хашкиот трибунал, како што рече, „го изгубил легитимитетот“.

Лепосавиќ тогаш истакнал дека одлуката на Меѓународниот трибунал за воени злосторства за геноцидот во Сребреница се заснова на позицијата на Хашкиот трибунал, кој, како што рече, бил компромитиран затоа што во него се кријат докази за злосторстват против Србите на Косово и Метохија.

Тој посочи дека не ги оспорува чувствата и убедувањата на Бошњаците и муслиманите, кои, како што рече, „нема да престанат да го доживуваат ова злосторство во нивните срца како нивно трајно страдање и трагедија“.

Слични содржини