Амбасадорот на Хаити во САД: Атентаторите на претседателот се професионални платеници

од Nikola Popovski

Атентаторите на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, кој беше убиен денес, беа „професионални“ платеници кои се претставија како американски агенти и кои можеби веќе ја напуштиле земјата, изјави амбасадорот на Хаити во САД.

Сторителите се претставиле во резиденцијата на претседателот Моиз како членови на Американската агенција против дрога (ДЕА), но нивното однесување не одговарало на тоа тврдење, изјавил амбасадорот Боки Едмонд.

„Тоа беше добро организиран напад и станува збор за професионалци“, рече амбасадорот пред новинарите. Тој рече дека имаат видео и дека мислат дека се платеници.

Тој рече дека првата дама Мартин Моиз, кој била ранет во нападот, ќе биде евакуирана во болница во Мајами на лекување.

Во тек е истрага за да се утврди каде се убијците, која е нивната мотивација и чии се државјаните, рече амбасадорот, потврдувајќи ги претходните обвинувања дека меѓусебно разговарале шпански.

Според него, убијците веќе ги напуштиле Хаити, тие најверојатно отишле во Доминиканската Република, земјата со која Хаити го дели островот Хиспанола.

„Не знаеме дали тие заминаа или се уште се таму“, рече тој, додавајќи: „Ако не се во земјата, тие можат да ја поминат само копнената граница затоа што нема авиони“.

Слични содржини