Амбер Херд за објава на Џони Деп: „Тој оди напред, правата на жените одат наназад“

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Џони Деп неодамна направи профил на TikTok, а набрзо го објави своето прво видео на оваа социјална мрежа.

Во таа прилика тој им се заблагодари на сите свои фанови и на сите кои го поддржуваа во текот на шестнеделното судење со поранешната сопруга Амбер Херд.

„До сите мои драгоцени, лојални и непоколебливи поддржувачи – бевме насекаде заедно, видовме сè заедно. Одевме по истиот пат заедно. Ја направивме вистинската работа заедно, и сето тоа затоа што се грижите. И сега сите заедно ќе одиме напред“, напиша Џони под видеото.

Набргу по ова, Амбер се огласи преку нејзиниот портпарол и го кажа своето мислење за се.

„Додека Џони Деп вели дека оди напред, правата на жените одат наназад. Пресудата им порача на жртвите на семејно насилство дека треба да се плашат да се заземат за себе и да проговорат“, порачала Амбер, пренесува People.

Слични содржини