Амбер за Џони Деп: Бев толку исплашена, не сакав да го оставам – многу го сакав

од Stefanija Kuzmanovska

Во тек е судењето на Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд, а на секое ново рочиште излегуваат непознати детали од нивната врска.

Така беше и вчера за време на судењето, а Амбер одлучи да каже детали за уште еден наводен физички напад.

Актерката на суд изјавила дека се плашела дека Џони Деп случајно ќе ја убие за време на нападот кој наводно се случил кога биле на меден месец.

Вчера Херд низ солзи им кажа на поротниците дека смета дека веројатно „не би преживеала“ доколку останела во брак со Деп.

„Бев толку исплашена дека сè ќе заврши многу лошо за мене. Навистина не сакав да го оставам, многу го сакав“, навела Херд и додала дека актерот ја нападнал додека биле во купето во воз, за ​​време на нивната меден месец во Азија:

„Ме држеше за врат и ме притисна на вагонот, имав чувство дека тоа трае многу долго време. Се сеќавам дека се плашев дека ќе го направи тоа иако не сакаше“.

Амбер рекла и дека Џони ѝ правел љубоморни сцени, а наводно бил љубоморен кога ѝ била понудена улога во филм со Џејмс Френк. Актерката тврди дека Деп потоа ја удрил и ја фрлил на мебелот.

Амбер Херд изјавила дека Џони Деп наводно се повредил и себеси за време на нивните кавги и гасел цигари од своето тело.

Да потсетиме, Деп за време на неговото сведочење во судот рече дека никогаш не ја удрил поранешната сопруга или која било друга жена. Во таа прилика актерот рекол и дека всушност бил жртва на насилство, бидејќи таа физички го напаѓала.

Слични содржини