Американска полиција: Не е фер да ги ставате сите во ист кош

од Vladimir Zorba

Американските полицајци кои се најдоа во центарот на демонстрациите што се ширеа низ целата земја беа растргнати меѓу посветеноста кон работата и сознанието дека се потребни реформи за да се справат со институционалниот расизам во нивните редови.

Од Калифорнија до Масачусетс, неколку полицајци интервјуирани од АФП соопштија дека биле ужаснети од убиството на Џорџ Флојд во моментот на неговото апсење – трагедија што предизвика протести против полициската бруталност и расизам низ целата земја.

Но, оние интервјуирани од агенцијата, исто така, одговорија на обвиненијата дека постапувањето на учесниците во убиството на Џорџ Флојд ги одразува вредностите на полициските службеници низ целата земја.

„Јас не сум Дерек Шовин … Тој уби некого. Јас не. Ние сме непристрасни“, рече налутено Мајкл О’Мера, шеф на полицискиот синдикат ПБА во Њујорк, на прес-конференцијата оваа недела.

Шовин е полицаецот кој клечеше на вратот на Флојд скоро девет минути.

„Секој се обидува да не натера да се срамиме, да ни биде незгодно поради нашата професија“, додаде О’Мера.

„Престанете да не третиратекако животни и кучиња и започнете да нè третирате со почит“.

Шон Вилоугби, претседател на полицискиот сојуз во Албукерки во Њу Мексико, рече дека Шовин очигледно сторил кривично дело од кое се срамат сите полицајци и дека не било фер да се става секој кон носи полициска униформа во истиот кош.

„Се чувствувам дискриминирано, тоа е случај и со други полицајци“, рече тој за АФП.
„Ние само се обидуваме да ја завршиме нашата работа најдобро што можеме за да ја заштитиме нашата заедница и да работиме за нашите семејства, и сега, затоа што носам значка, станав проблем на системски расизам во земјата.

Сепак, експертите велат дека смртта на Флојд не била изолиран случај, но претставува „точка и исклучување“ на долгогодишниот гнев и недоверба кон полицијата меѓу американските црни заедници.

Афроамериканците сочинуваат мнозинство од убиените, додека истражувањата покажуваат дека еден од 1.000 Афроамериканци во САД ќе биде убиен од полицаец.

„Се случува премногу често, сцени каде Афроамериканците и луѓето со други бои на кожата, генерално, се убиваат од полицајците, обично за многу мали престапи“, рече Бен Келсо, претседател на Националното здружение на афроамериканската полиција во Сан Диего.

Во САД има поголем број полициски оддели кои забранија постапка за задушување, слична на онаа од која почина Флојд и ги заострија дисциплинските мерки. Исто така, се преземаат чекори на сојузно ниво за спроведување на реформите.

Но, некои од припадниците на полицијата велат дека се користат како жртвени јарења за поголеми проблеми во општеството и ги отфрлаат растечките апели за негирање на финансирање на полицијата.

„Болно е затоа што секој ден сме на улиците обидувајќи се да служиме и да ја заштитиме јавноста, а секој ден има милион позитивни интеракции со полицијата и јавноста“, рече 34-годишниот полицаец од Њујорк, кој зборувал анонимно, со оглед на тоа што не му беше дозволено јавно да го изрази своето мислење.

„Ние се обидуваме да бидеме се на сите, имаме многу работа и потоа се случуваат грешки“.

Слични содржини