Американска војска: Досега e повлечена од два до шест проценти на војниците и опремата од Авганистан

од Stefanija Kuzmanovska

Американската армија денес соопшти дека досега од Авганистан се повлечени два до шест проценти од војниците и опремата.

Соединетите Аерикански држави (САД) повлекоа дел од својата воена опрема од Авганистан до 16 часот денес, уништија 1.300 парчиња опрема и ја предадоа базата Антоник на тамошната армија, која се наоѓа во провинцијата Хелманд, некогашно упориште на талибанците.

Американската армија вети дека ќе ги пренесува проценките за повлекување секоја недела, кои треба да бидат завршени до 11 септември, 20-годишнината од терористичките напади врз Соединетите држави.

САД имаат околу 2.500 војници во Авганистан.

Слични содржини