Американски експерт за Балканот: Нема многу земји како Косово што постигнале повеќе во првите дванаесет години од постоењето

од Nikola Popovski
170 прегледи

Професорот на универзитетот Џон Хопкинс, Даниел Сервер, верува дека косовскиот премиер Албин Курти нема да го смени пристапот на Косово кон Србија.

Сервер рече по повод годишнината од независноста на Косово дека „нема многу земји што постигнале повеќе во текот на дванаесетте години од постоењето“

„Премиерот Курти јасно стави до знаење дека ќе ги бара односите со Србија да бидат врз основа на реципроцитет. Не сум сигурен дека Белград е подготвен за ова, иако мислам дека Курти со право го бара тоа. “, рече Сервер.

На прашањето дали е оваа годината во која Косово ќе стане членка на Обединетите нации, Интерпол и УНЕСКО, Сервер рече дека е „прилично неизвесно, со оглед на опозицијата на Србија и Русија“.

“Прашањето за членство во Интерпол и УНЕСКО може да се реши за еден час – ако Србија се согласи. Мислам дека треба да го стори тоа. Кога станува збор за Обединетите нации, тоа е многу потешко прашање затоа што, освен Белград, Москва ќе се обиде скапо да го наплати тоа од Вашингтон, а Вашингтон нема да сака да го направи“, рече Сервер.

Тој истакна дека ниту една држава не може да се рече дека е целосно стабилна и забележува дека неодамна е формирана нова демократска влада во Косово.

“Медиумите во Косово се претежно слободни. Уставниот суд постојано демонстрира независност од другите гранки на владата. Развиен е граѓанскиот сектор, како и опозицијата. Има раст во економската сфера – со оглед на побавниот напредок во Европската унија”, рече американскиот експерт за Балканот.

Даниел Сервер ја открива корупцијата како еден од најголемите проблеми во современо Косово, за кој рече дека ги мачи и другите земји од Западен Балкан.

„Нетранспарентните владини набавки и непотизмот делуваат како најголеми проблеми на косовското општество. Очекувам новите косовски власти да ги решат овие прашања на најдобар можен начин – да ги елиминираат привилегиите што ги воведоа нивните претходници додека се во владини функции“, рече Сервер.

Слични содржини