Американците потврдија: Кој ќе ја спонзорира Суперлигата?

од Nikola Popovski

Американската банка „ЈП Морган“ објави дека ќе го финансира проектот на Европската Суперлига, кој го потресе светот на фудбалот.

„Можам да потврдам дека ќе ја финансираме операцијата“, изјави за Франс прес, портпаролот на банката во Лондон.

Тој рече дека во оваа фаза нема други коментари.

Дванаесет најбогати европски фудбалски клубови доцна во понеделникот постигнаа договор за формирање на Суперлигата.

Договорот го постигнаа Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, Челси, Тотенхем, Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, Јувентус, Милан и Интер.

За претседател е избран првиот човек на „кралскиот“ клуб, Флорентино Перез. 20 клубови треба да учествуваат во ова ново натпреварување.

Клубовите основачи треба веднаш да добијат 350 милиони евра и тие најавуваат дека како што се развива лигата, буџетот за натпреварување ќе надмине 10 милијарди евра.

ФИФА и УЕФА остро реагираа, заканувајќи им се на тие клубови дека ќе бидат суспендирани од националните и меѓународните натпреварувања, односно дека нивните играчи нема да можат да играат за своите репрезентации.

Челниците на ФИФА и УЕФА за Суперлигата изјавија дека веќе покренале правни активности со цел да ги запрат акциите насочени кон спречување на почетокот на тоа натпреварување.

Слични содржини