Ампева од „Гласен текстилец“: Добиваме секојдневни поплаки за неисплатен К-15

Како што информираат од невладината организација „Гласен текстилец“, овие денови се преплавени со повици од работници кои се уште не добиле исплата на реодвниот регрес за годишен одмор, односно К-15.

Во име на „Гласен текстилец“, Кристина Ампева посочи дека работниците од нив бараат одговори дали годинава им следи исплата на регресот за годишен одмор и кој е минималниот износ.

За овие прашања се контактирани и надлежните служби, но толкувањето и ставот за износот на исплатата на К 15 треба да се добие по преговорите и заедничкиот став на Сојузот на синдикатите и Организација на работодавачи. Но, Ампева е децидна дека општиот колективен договор не дозволува воопшто да не се исплати, колку и фирмата да била во загуба, а најпрболематично е што не се знае кој е најнискиот износ за исплата на регресот за годишен одмор.

„Од она што е важно е член од колективниот договор е нејасен, односно се вели дека доколку работодавачот има некакви финансиски потешкотии може да исплати помал регрес за годишен одмор. Додека нема кој е тој помал износ, моментално може да биде и еден денар или 100 денари, како што го имавме низ годините. Затоа на последниот состанок со трудовиот инспекторат и останатите невладини и државни институции беше побарано од страна на директорката на Државниот трудов инспекторат и испрати допис до Сојузот на синдикати, кој е потписник на општиот колективен договор, заедно со Организација на работодавачи, кои си имаат Комисија и да дадат толкување“, посочи Ампева.

Ампева исто така вели дека има уште половина месец за да се исплати К-15 и ќе ја следат ситуацијата со ова право на работниците. Забележува дека текстилните работници и во време на карантинските месеци и сега се на своите работни места.

Слични содржини