Анастасија Ражнатовиќ во улога на Шерон Стоун во нејзиниот нов спот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Анастасија Ражнатовиќ денес го слави својот 23-ти роденден, а по тој повод реши да ја воодушеви публиката со дури две нови песни. Песните „Извини“ и „Готово“ го видоа светлото на денот попладнево, а таа ги сподели и спотовите на песните.

Во првото видео, можеме да ја видиме Анастасија како Шерон Стоун во познатата сцена од филмот „Ниски страсти“, каде што седи на стол, игра и ги прекрстува нозете, додека мажите од публиката се потат.

На второто видео, Ражнатовиќ е во тинејџерски стил, со шарена перика и стајлинг полн со бои, а судејќи според коментарите, на нејзината публика навистина ѝ се допаѓаат и двете песни.

Инаку, пејачката се погрижи за секој детал кога станува збор за овие две песни, почнувајќи од снимањето, па се до реализацијата на спотовите. Таа минатата година ја сними песната „Готово“, додека „Извини“ е направена пред неколку недели.

Слични содржини