Анастасија за спорот меѓу Цеца и Карлеуша: Тоа трае со години, мајка ми ја направи најдобрата работа

од Elena Daskalova

Анастасија Ражнатовиќ за првпат кажа јавно што мисли за конфликтот меѓу нејзината мајка и пејачката Јелена Карлеуша.

„Немојте да ме влечете за јазик. Тоа трае со години, ме погодуваше кога бев помлада. Битно е кој што кажува. Кога личноста која зборува нема никаква тежина, тогаш не е ни важно она што го кажува. Мојата мајка постапи најпаметно, молчи за да не се спушта на тоа ниво“, изјавила Анастасија.

За случката со третата песна, велу дека воопшто не ѝ било драго што материјалот на кој напорно работи се нашол во погрешни раце.

„Се плашев дека ќе излезат сите песни, не знаев што сè имаат. Засега е само една, па беше лесно да се среди ситуацијата. Се надевам дека личноста која го направи тоа е свесна што сторила и дека нема понатаму да го споделува материјалот нелегално. Се трудам да бидам позитивна, да продолжам да снимам. За ова, што да правиме, така излезе“, вели таа за емисијата Телеграф Џетсет.

Слични содржини