АНБ ќе добие нов директор за 20 дена

од Nikola Popovski

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) ќе добие нов директор за 20 дена, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Сегашниот директор ја информираше Владата за државјанството на Онишченко и ние како Влада започнавме активности за одземање на даденото државјанство. Се она што треба да биде споделено во делот на истрагата која се води во АНБ и тоа што ќе следи, согласно процедурите и законите, ќе биде споделено со јавноста. Во однос на раководењето со АНБ, за 20 дена од денеска ќе има нов директор на АНБ, информира Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.

Директорот Димовски беше на распит пред собраниската комисија за да одговори зошто АНБ издала согласност да му се издаде македонски пасош на контроверзниот украински бизнисмен Онишченко, иако за него била издадена меѓународна потерница.

Слични содржини