Апокалиптични сцени од Чешка по разорното торнадо (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Торнадо што го погоди југоисточниот дел на Чешка синоќа повреди најмалку 200 лица. Три лица беа убиени. Стотици спасувачи од целата земја се на терен. Сцените по поминувањето на торнадото изгледаат апокалиптично.

Политичарот од Јужна Моравија, Јан Гролич на Твитер објави дека илјадници куќи се уништени или оштетени. „Ве молиме, не одете во погодените области, на спасувачите им треба мир за да работат. Вашата помош ќе биде потребна во наредните денови “, напиша Гролих.

Слични содржини