Apple го превзема пазарот на часовници

од Vladimir Zorba

Тешко е да се сетиме за друга компанија која успева да превземе целосно производни сегменти, кои ги развива, така, како што го прави тоа Apple. Таа продава едни од најквалитетните компјутери на пазарот, го поставува тонот на иновациите кај смартфоните, а од неодамна е и светски лидер во продажбата на часовници.

За последниот квартал на 2017 година, компанијата има продадено повеќе часовници од Rolex, Omega и Swatch земени заедно. Вкупната бројка на Apple Watch уреди надминува осум милиони единици, што е рекорд за индустријата и е двојно повеќе од минатогодишните продажби на Apple.

Со ова достигнување, компанијата стана најголем производител на часовници во светот и во првата што ја надминува целата швајцарска индустрија.

По се изгледа дека Apple ќе доминира во сегментот и во иднина, откако допрва ќе се расплетува потенцијалот на часовниците во сферата на здравјето и интеграцијата со интернет на нештата.

Слични содржини