Апсење пред локал во Скопје

од Nikola Popovski

Уапсено лице пред угостителски објект во Скопје на првиот ден од новата година, соопштија од СВР Скопје.

На 01.01.2023 во 20:40 часот пред угостителски објект на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(21) од Скопје.

-Приведен е затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Слични содржини