Арсовска најави дека бесплатниот градски превоз е предвиден во Буџетот за 2024

од Nikola Popovski

За реализацијата на проектот 250 нови еко-автобуси веќе десетина пати пред советниците беше доставена одлуката, меѓутоа кај нив, за жал, свесноста не е на такво ниво да можат да разберат дека за нашите граѓани неопходно е да имаат јавен превоз, за да стигнат навремено до секое населено место, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, запрашана кога ќе го реализира предизборното ветување за обнова на јавниот градски превоз.

Според неа, јавниот превоз треба да биде ефикасен, удобен и брз, со што ќе се намали загадувањето и ќе се зголеми употребата на јавниот превоз, односно ќе се намали потребата од самите возила.

-Доколку кај советниците има совесност и свесност, апелирам во интерес на граѓаните да ја гласаат одлуката. Ова не е нешто што не би требало да има политичка заднина. Ова е во интерес на електоратат и сите што ги гласале, додаде Арсовска.

Градоначалничката вели дека ваквото однесување на советниците го кочи и бесплатниот градски превоз, но сепак најави дека од следниот Буџет на градот, го буџетираат бесплатниот јавен превоз за граѓаните, иако, како што вели, и покрај тоа што кај советниците нема интерес да ги испорачаат проектите.

-Пред нив ќе биде ставена и одлуката за гласање на Буџетот за 2024 година, кажа Арсовска од општина Сарај, по промоцијата на проектот „Подобрување на водоснабдувањето за населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Чајлане и Семениште“.

Слични содржини