Арсовски: Кандидатите на СДСМ за градоначалници воопшто не се нови

од Nikola Popovski

СДСМ нуди стари и истрошени кадри, a кандидати се лица кои смениле и по неколку функции до сега, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, откако владеачката партија објави уште 17 имиња кои ќе бидат кандидати за градоначалници на претстојните избори.

Според Арсовски, кандидатите на СДСМ за градоначалници воопшто не се нови како што велат, многу се подмитливи и тоа се видело по неколку афери кои излегоа за нив и се луѓе со сомнително бизнис минато.

-Време е да ставиме крај на ваквите политики. Време е да избереме чесни и професионални кадри и суштински нови кадри како што предложивме ние од ВМРО-ДПМНЕ, вели Арсовски.

Попладневно на прес-конференција, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски објави уште 17 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори. Таа на овие избори ќе учествува со 69 кандидати од нејзините редови.

Според анкетите внатре во партијата, СДСМ одбра во Куманово да „трча“ со Оливер Илиевски, а во Центар со Горан Герасимовски.

-Во општина Ѓорче Петров одиме на втор мандат со Александар Наумовски. Кандидат на градоначалник во Битола ќе биде Христо Кондовски, во Шуто Оризари ќе биде Асан Ферат, во Кривогаштани со Никола Мисовски, во Струга партијата ќе трча со Димче Џипингаровски, во Гевгелија кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Сашко Поцков, во Дебарца со Игор Крцковски, додека во Струмица, партијата ќе „трча“ со актуелниот пратеник Костадин Костадинов…, соопшти Николовски.

Слични содржини