Велика Британија би можела наскоро да достигне нов температурен рекорд, бидејќи денеска биле забележани 32 степени, што е доволно асфалтот да почне да ги голта возилата.

Оваа земја е на сред својот најдолг топлотен бран од 1976. година, а денес 12-ти ден по ред температурите надминале 29,1 степен – и нема знаци на попуштање.
Ако живата достигне 33 степени, тоа ќе го мине моменталниот рекорд за најтопол ден во 2018. година, кој е поставен на 28. јуни во Портмадог во северен Велс.
Колку се ова високи температури покажува и примерот и од западен Беркшир, кога камион на градската чистота пропаднал во асфалтот.
https://www.youtube.com/watch?v=tj8SBDAdBA8
Работниците биле фрлени нанапред, а камионот наеднаш застанал и пропаднал.
Најтоплиот викенд во годината досега бил измерен изминатиот викенд – кога биле измерени 32 степени, но тој рекорд веројатно ќе биде урнат во некој од наредните денови.