Авганистан: Најмалку 157 лица починаа од студ

од Radmila Tasevska

Најмалку 157 лица загинаа поради суровата зима во Авганистан, изјави талибански официјален претставник, а бројот на загинати се удвоил за помалку од една недела, објави денес Си-Ен-Ен.

Влијанието на екстремно студеното време се влоши со ограничената количина на хуманитарна помош што се дистрибуира во Авганистан, откако талибанските власти им забранија на жените да работат во невладини организации.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (UNOCHA) објави во неделата на Твитер дека доставува помош во ќебиња, огревно дрво и засолништа за 565.700 луѓе во Авганистан.

Слични содржини