Авион со пливачи се лизна од пистата на Алјаска

од Vladimir Zorba

Авион со 38 патници, меѓу кои биле и средношколци, членови на пливачка екипа,  излетал од пистата додека се обидувал да слета на аеродромот во градот Уналаск кај Бериговото море.

Засега нема информации за евентуални повредени, официјален преставник на училиштето изјавил дека членовите на пливачкиот тим се добри и дека по инцидентот јаделе пица.

Агенцијата АП пренесува дека инцидентот се случил во пет часот наутро по локално време на Алеутските острови.

Шефот на националниот одбор за безбедност во сообраќајот за подрачјето на Алјаска, Клит Џонсон за локална телевизија истакнал дека засега не може да каже дали некој настрадал во излизгувањето на авионот од пистата.

Слични содржини