Клубовите не можат да ги бираат своите навивачи па често поради нив имаат проблеми. Најнов пример за тоа е случајот од Австрија, каде на навивачот Александер Ц., познат по проблематично однесување, вратени ву се 10.000 евра, за да не дојде на стадионот кога ќе се игра натпреварот со Борусија Дортмунд.

Инаку тој, додека се градел стадионот донирал на два пати по 5.000 евра, за што му следуваат две влезници на мечот за отворање на стадионот, но тој веќе има забрана за доаѓање на стадион.
Александер отишол пред суд и инсистирал на неговото право, па клубот одлучил да му ги врати парите, само да го нема на натпреварот.
Но, тој и зададе нови грижи на Австрија, инсистирајќи дека треба да ги добие картите што би ги дал на пријатели, а судот му го уважи провото.
Наводно, тој е близок со десничарско-радикалната групација на навивачи, што тој пак го негира.