Австриската полиција користи дронови за да ја надгледува границата меѓу Србија и С. Македонија

од Stefanija Kuzmanovska

Австриската полиција користи дронови за да ѝ помогне на Србија да ја надгледува границата со Северна Македонија, изјавија за австриската агенција АПА во министерството за внатрешни работи во Виена.

„Апсолутно е неопходна блиска прекугранична соработка во борбата против бруталните шверцери на луѓе. Затоа, знаењето на австриските специјалисти за дронови се бара и на границата на Србија и Северна Македонија“, изјави за агенцијата министерот за внатрешни работи Герхард Карнер.

Според АПА, властите во Белград минатата недела иницираа интензивни мерки на границата со Северна Македонија и Бугарија, што резултираше со значително намалување на илегалната миграција во Австрија, односно граничните премини во областа на провинцијата Бургенланд/Градишќе, која граничи со Унгарија.

Според АПА, тоа е поврзано и со зголемените контроли по мигрантските рути и со зголемените патроли на австриската полиција на границата со Унгарија.

Според министерството во Виена, повеќе од сто австриски полицајци во моментов се вработени во одредени балкански земји и во Унгарија. Во Србија се стационирани 13 полицајци кои поседуваат најсовремена опрема како автобуси со системи за термичка слика и дронови.

Слични содржини