Австриски „Естерајх“: Околу 1000 мигранти влегоа во Северна Македонија?

од Nikola Popovski

Првата поголема група на мигранти од грчко-турската граница, наводно, веќе пристигнала во Северна Македонија, според виенскиот весник „Естерајх“, додавајќи дека ќе бидат потребни десет дена за да стигнат до австриската граница.

Весникот се повикува на фотографија добиена од службена разузнавачка служба на која се гледа група мигранти од околу 1.000 луѓе на еден од градските плоштаид во Северна Македонија.

Авганистанците и Сиријците успеале да се провлечат во хаосот на грчко-турската граница и никој не знае колкумина од нив успеале да поминат, наведува весникот.

„Во оваа прва група се работи за мажи и млади момци“, велат изворите на „Естерајх“.

Разузнавачките кругови сметаат дека ако не биде запрена на српската и хрватската граница, таа прва група би можела да стигне до австриската граница со Словенија за десетина дена.

Слични содржини