Азербејџанската армија го гранатирала симболот на Нагорно Карабах (видео)

од Nikola Popovski

Православната црква на Светиот Христос Спасителот во Шуши, Нагорно Карабах, била целосно уништена во ракетен напад на азербејџанската армија.

На фотографиите објавени од Араик Арутјунјан, претседател на таа спорна област, уништена е црквата позната како Казанчецоч, обележје на Шуши, која е изградена пред повеќе од 150 години и досега била отпорна на конфликтите во Нагорно Карабах, кои траат со прекини повеќе од 30 години.

„Овој вандализам е против човештвото и Божјите закони. Ќе се опоравиме“, рекол Арутјунјан.

Црквата на Светиот Христос Спасителот е изградена од 1868 до 1887 година и е седиште на епархијата Нагорно-Карабах при Ерменската апостолска црква.

Շուշիի Սուրբ Ղազանչեցոց եկեղեցին ևս թիրախ դարձավ ահաբեկիչների կողմից:Վանդալիզմի այս դրսևորումը դեմ է մարդկության և Աստծո օրենքներին: Կվերականգնենք:

Публикувахте от Արայիկ Հարությունյան Arayik Harutyunyan в Четвъртък, 8 октомври 2020 г.

Борбите во Нагорно Карабах започнаа на 27 септември, а Азербејџан и Ереван меѓусебно се обвинуваат за избувнувањето на конфликтот.

Во Ерменија билапрогласена воена состојба и општа мобилизација, додека во Азербејџан бил воведен полициски час и делумна мобилизација.

Слични содржини