Азески ќе бара ревизија на недела неработен ден: Баш би сакал да се видам со синдикатите

од Nikola Popovski
135 прегледи

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески смета дека државата нема видено развоен Буџет од 1992 година и според него, секаква дискусија е излишна.

Околу заемот од Унгарија и дали некои членки на Комората ќе земат од понудените 250 милиони евра, Азески посочува дека се во контакт со Владата, а во четврток премиерот Христијан Мицкоски во просториите на СКСМ ќе го изнесе своето гледиште з апрашањето.

-Нас не не интересира ништо друго освен да дојдеме до свеж капитал и разни алатки кои што ќе ги надополнат инвестициските активности. Нашиот став е тоа прашање да не се селектира на еден начин, туку да биде поставено во пакет кој што ќе значи подобрување на општиот-деловен амбиент, истакна Азески по средбата со министерката за образование, Весна Јаневска.

Aзески побара елиминирање на сите прашања кои што ги наметнуваше бизнис-заедницата во изминатите 10 години, меѓу кои што е и прашањето за недела неработен ден и многуте неработни денови, кои, како што вели Азески, создаваат проблеми во работењето на компаниите. Според него, мора овие прашања да бидат земени како пакет.

-Баш би сакал да се видам со синдикатите бидејќи одамна не се дојдени. Време е да седнеме и со нив. Ние имаме аргументи за тоа и не ги криеме, ги изнесовме јавно, тоа беше и Уставен суд. Нема анализа за овие закони, а тие директно брцаат во џебот на бизнисот, кажа претседателот на СКСМ, запрашан дали ќе побараат ревизија на недела неработен ден и констатацијата на една од новинарките дека „ќе ги изедат Синдикатите“ околу тоа прашање.

Слични содржини