Бајага бурно изреагирал на прашање за разводот: „Не ме интересира“

од Stefanija Kuzmanovska

Синоќа во Србија започна фестивалот „Пиво фест“, а меѓу другите концерт одржаа Бајага и инструкторите. Со нетрпение очекуваниот настап беше проследен со прашања од медиумите за разводот, кој тој го криеше од јавноста повеќе од една година.

Ова беше прв пат Момчило Бајагиќ да се појави во јавноста, откако се појави веста дека се развел од сопругата Емилија.

Бајага пред настапот им се обрати на насобраните новинари, а конкретно зборуваше само за кариерата, песните, публиката, но на прашањата за приватниот живот немаше баш најдобра реакција.

Имено, новинарите го прашале музичарот како се чувствува како слободен човек, на што тој изреагирал бурно.

„Не ме интересира што ве интересира како се чувствувам како слободен човек. Нема да кажам“, изјави накратко Бајага за медиумите.

Слични содржини