Бајага го одложи концертот во Скопје поради убиството на Вања

од Stefanija Kuzmanovska

Концертот на Бајага и Инструктори, кој требаше да се одржи во Скопје на 9 декември, беше одложен за 23 декември поради трагедијата која ја потресе земјава.

Концертот во Скопје е одложен поради грозоморното убиство на 14-годишната Вања Ѓорѓевска, а за ваквата одлука групата на Фејсбук ги извести своите следбеници.

Настапот требаше да се одржи на 9 декември во СЦ „Јане Сандански“, но концертот беше преместен за 23 декември на истата локација. На оние кои не можат да присуствуваат на настанот на новиот датум ќе им бидат вратени парите, објави „Авалон“.

„Нека оваа недела биде недела на тишина! Сите ние во Авалон во моментов, и сигурни сме дека сите вие ​​што купивте билети за Бајага и Инструктори се чувствувате исто: Дека не сме способни за никаков вид прослава на животот и музиката оваа недела, по тажната вест“, се вели меѓу другото во соопштението.

Слични содржини