Бајага напиша песна за Милена и Ива: Не сте сами

од Stefanija Kuzmanovska

Момчило Бајагиќ Бајага и Бранко Ѓуриќ, направија песна која го носи називот „Не си сама“, а е посветена на актерките Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ, кои во текот на изминатите денови ги изнесоа своите интимни признанија за сексуална злоупотреба од професорот по глума Мика Алексиќ.

Бајага е заслужен за текстот, додека популарниот Ѓуро ја отпеа песната со неговиот бенд Bombaj štampa.

„Nisi sama dok je ovo među nama. Nisi sama hajde s nama, nisi sama. Hoću da opet vratiš osmeh na ono tvoje lepo lice. Ti možeš da izdržiš sve to, samo me slušaj i ne plači“, гласи еден дел од текстот.

Да потсетиме, неодамна како бомба одекна исповедта на актерката Милена Радуловиќ, во која таа тврди дека била силувана неколку пати во нејзината 17-та година од истакнатиот белградски учител по глума, Мика Алексиќ.

loading...

Слични содржини