Новоизбраниот претседател Џо Бајден во понеделникот го критикуваше одбивањето на актуелниот претседател Доналд Трамп да признае пораз на изборите, велејќи дека тој покажува непочитување на волјата на народот и ја повика Америка да сврти нова страница.

Избирачите ширум Соединетите држави во понеделникот официјално го потврдија демократот Џо Бајден за нов претседател на САД по неуспешните обиди на Доналд Трамп да го претвори својот изборен пораз во победа.

„Тоа е екстремен став што никогаш порано не сме го виделе“, рече Бајден во говорот од неговиот штаб во Вилмингтон, Делавер, откако Изборниот колеџ ја потврди неговата победа на изборите на 3 ноември.

„Став што одбива да ја почитува волјата на народот, да го почитува владеењето на правото, одбива да го почитува нашиот Устав“, додаде Бајден.

Слични содржини