Бајден не се кае поради острите зборови уаптени кон Путин

од Stefanija Kuzmanovska

САД сè уште ја сметаат дипломатијата за првостепен инструмент во односите со Русија, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, пренесува „Спутник“.

„Нашиот амбасадор (Џон) Саливан останува во Москва. Тој и неговиот тим се во контакт со Русите“, рече Псаки на брифингот.

Таа наведе дека Бајден не жали за острата изјава на сметка на претседателот на Русија, кога го нарече убиец.

„Претседателот даде директен одговор на директно прашање“, рече Псаки.

Таа повтори дека Бајден нема „да се воздржува ниту на зборови ниту на дела“.

Без оглед на сè, таа е убедена дека Москва и Вашингтон ќе ја продолжат соработката во сфери каде што нивните национални интереси се совпаѓаат.

Слични содржини