Бајден вети помош за Бугарија и Полска околу гасот

од Nikola Popovski

За време на денешното обраќање Џозеф Бајден рече дека се водат разговори како да им се помогне на Бугарија и Полска, откако Русија ја прекина испораката на гас.

Како што наведе, САД би можеле да ја пренасочат продажбата на природен гас за да помогнат.

„Полска укажа дека има значителни резерви на гас, како и Бугарија, но не толку. Работевме со сојузниците од Јапонија и можеби ќе ја пренасочиме продажбата на природен гас од тие земји во Полска и Бугарија. Тоа е сè што можам да кажам во моментот“, рече Бајден.

Рускиот енергетски гигант Газпром вчера објави дека целосно ја прекинал испораката на гас за Бугарија и Полска бидејќи не вршеле плаќања во рубљи за испорачаното гориво.

„Газпром експорт“ ги извести „Булгаргаз“ и „ПГНиГ“ за прекин на испораката на гас почнувајќи од 27 април до моментот кога ќе ја извршат плаќањето како што е предвидено со уредбата“, соопшти компанијата.

Фото: Profimedia

Слични содржини