Баланс+ со поддршка и едукација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија

од Vladimir Zorba

Поддршка од брендот Баланс+ за Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија преку финансиска помош за реализација на активностите на Здружението што се насочени кон подобра едукација за потребни промени во исхраната кај лицата заболени од дијабетес. Како дел од оваа иницијатива ќе бидат одржани и повеќе работилници, средби, советувалишта и настани со кои ќе се информираат и едуцираат членовите на здруженијата за придобивките од промена на исхраната каде главна улога игра Баланс+ портфолиото.

„Баланс+ всушност е и единствениот производ на пазарот за кој што постои клиничка студија со која е докажано неговото позитивно влијание врз метаболичките процеси во организмот кој помага и дијабетичарите да имаат квалитетна исхрана. Придобивките од овој производ и неговата неопходност во секојдневната исхрана кај лицата со дијабетес, го поттикнаа нашето партнерство со Сојузот на здруженија на дијабетичари. Заедно ќе работиме на едуцирање на членството за тоа каква и колкава е потребата од Баланс+ во секојдневната исхрана и колку е важно за нив консумацијата на функционални производи со пробиотски култури, протеини, калциум. Ова е значаен чекор затоа што достапноста на соодветни производи е прашање за голем број лица со дијабетес, не се работи само за поединци туку за голем број граѓани од сите возрасти и нивната потреба од соодветни висококвалитетни производи. Со големо задоволство ќе ги здружиме силите со СЗДСМ и со нетрпение очекуваме позитивно да влијаеме на животот на лицата со дијабетес“, велат од Бимилк.

За Сојузот ова е значајна помош која ќе придонесе пред сѐ за едукација на членството за полесно справување со предизвиците на болеста.
„Нашите членови секојдневно се соочуваат со разни предизвици, покрај од здравствен аспект уште и од снабденост и достапност на соодветни, а квалитетни производи. Исхраната е најважниот дел од справување со нашата состојба, а достапноста на вакви производи е ретка, посебно од млечните производи за кои е потребно да бидат вклучени во нашето мени. Баланс+ е докажано добар и потребен за нас, затоа што ја балансира исхраната и снабдува со потребни минерали, витамини, пред сѐ пробиотици и пребиотици. Оваа соработка е една од активностите за кои како Сојуз тежнееме и се залагаме, и ваквата поддршка од Баланс+ е толку значајна и потребна за нас. Се заблагодаруваме на компанијата што го иницираше ова партнерство и што ја покажува својата грижа и за дијабетичарите како засегната група“, истакнува Димче Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.
Во Сојузот се вклучени сите здруженија од Македонија и нивната работа се однесува на потребите на лицата со дијабетес. Во Македонија има регистрирано околу 116.000 лица со дијабетес.

Слични содржини